На биохакерите им треба уште малку време да не направат совршени киборзи

во Свет, Статии

Сите сме киборзи! Без разлика што делови од машини не ни се вградени во органите, паметните телефони, неорганска кожа која не заштитува и текст наместо глас прави да бидеме поповрзани со технологијата од порано, вели Verge. Дека полека стануваме зависни од машините најдобро се покажува во работата на тим на „биохакери“ кој работи на замена на органите како коските со нови кои „растат“ во строго контролирани услови. Досега со лекарите вградуваа вештачки коски или органи, но благодарение на развојот во медицината сега може да се креират совршени замени кои се прават персонализирано, и кои совршено се совпаѓаат со потребниот орган. Расте бројот на стартапи кои ја користат технологијата во медицината, кои се почесто наоѓаат начин за обновување на органите, вели Verge.

„Во нивната лабораторија во Харлем, пронајдов фрижидер преполн со коски во инкубација – делови од мртви коски и стем-клетки кои се чуваат во пластични кутии. Модели на коски од кои се отстранети сите клетки, можат да бидат моделирани во точната форма и во период од три недели стем-клетките ќе пораснат околу неа, креирајќи копија која теоретски е исто добра со оригиналот“, вели новинарот Ади Робертсон по посета на EpiBone.

Мешу биохакерите е и Autodesk кој експериментира со куп софистицирани алатки за конструкција, шиење и 3Д-принтери во обид да пронајде лек за рак. Project Cyborg работи на генетско ДНК-принтање кое овозможува замена на пластичниот модел со генетски материјал. За сега со многу помал обем односно наместо со човечки геном, работи со вируси кои имаат 5.000 основни генетски парови.

Поедноставено кажано, тимот од Autodesk работи на креирање на персонализирани вируси кои ќе можат да ги напаѓаат туморите. Првите експерименти ветуваат, во нив модифициреан вирус на мали сипаници успешно го инфицираше и уништи вирусот на пациетот. Но, за жал, во другите случаи третманот се покажа неуспешен, но тимовите кои работат на технологијата не се предаваат и ветуваат дека ќе имаат конечен лек за ракот без разлика колку време ќе биде потребно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments