Firefox се уште го држи монополот. Над 50% од посетите на нашиот сајт доаѓаат преку тој прелистувач, додека Safari, Internet Explorer и Opera се далеку зад него со по 2, 14 или 7 отсто варирајќи по месец. Но тоа што е интересно е што Google Chrome забележува огромен пораст во користеноста во последниве.
Лани во јуни, 2009 година, само 6 отсто од посетите беа од Chrome.
Во јануари оваа година 16 отсто од посетите беа од Chrome.
Додека во јуни 2010 посетеноста преку Google-овиот прелистувач стигна до 30 отсто надминувајќи го IE, при тоа одземајќи и удел од Firefox намалувајќи го неговиот процент од 70% на 54 отсто во едно годишниот период.
Ова е статистика само од посетите на It.com.mk, не е статистика која го отсликува и севкупниот удел на прелистувачите во Македонија. Но бидејќи посетителите на IT.com.mk се ИТ професионалци и ИТ ентузијасти верувам дека ова е показател дека Chrome се повеќе се користи.
Kако „дополнителна литература за читање“ е блог постот на Time.mk – „Македонците преферираат Chrome наместо Internet Explorer“ од 9 јуни 2010.
(сликата е превземена од GeekWhisperin)



Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.