4 коментари 1 мин. читање

AutoCAD, 3D Max и Maya сега се бесплатни за училишта и студенти

Продолжува трендот на бесплатна понуда на професионален софтвер и алатки за училиштата и студентите. Сега Autodesk ги понуди AutoCAD, Sketchbook, 3D Max и Maya бесплатно на студентите и училиштата во 188 држави.

„Начинот на кои ги правиме работите се менува навистина брзо и потребна ни е поголема работна сила подготвена за новите производствени и конструктивни техники. Со отворање на професионалните алатки за студентите, членовите на универзитетите и академските институции низ целиот свет и помагаме на индустријата да се подготви за следната фаза“, вели Карл Бас, директорот на Autodesk.

Бесплатната понуда на софтвер и алатки во текот на образованието ќе обезбеди, студентите на пазарот на труд да влезат подготвени за работа со овој софтвер, а со тоа и да ги мотивираат компаниите да го користат софтверот кој нивните идни работници веќе го познаваат. Autodesk нуди и програма за поедноставно совладување на софтверот и алатките преку Digital STEAM Workshop и Design Academy.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top