0 коментари 2 мин. читање 27 ноември, 2014

Политичарите треба да научат да кодираат, вели креаторот на глобалната мрежа

Ако сакаат да воведуваат закони за технологија, тогаш политичарите треба да ја разбираат таа технологија, да научат да кодираат, вели сeр Тим Бернерс-Ли, кој во 1989-та година го претстави концептот за широка мрежа поврзана со хиперлинкови, или како што ја знаеме денес World Wide Web. Г. Бернерс-Ли, кој зборуваше на форум за компјутерски научници во Велика Британија, пренесува Guardian, вели дека ако знаете како да програмирате, тогаш ќе знаете што се може да се направи со компјутер. Затоа е клучно политичарите кои сакаат да воведуваат закони околу технологиите, да треба да разбираат како функционира технологијата.

„Ни треба луѓе во Парламентот кои знаат да кодираат, не бидејќи треба тие да поминат пред компјутер програмирајќи, туку да разберат колку моќно оружје е, за да направат закони кои ќе ги принудат луѓето што кодираат да ги направат машините да се однесуваат поинаку“.

Иако неговиот коментар се однесува за политичарите од Обидинетото кралство, сепак идејата е одлична за сите. Во Британија пак веќе се предлага да се воведат курсеви за кодирање во основните училишта, што г. Бернерс-Ли го поздрави бидејќи „кодирањето од рани години ќе им помогне на програмерите да имаат подолго време за да бидат експерти“.

[youtube]rCplocVemjo[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top