0 коментари 2 мин. читање 27 ноември, 2014

Apple има проблем, големиот iPhone 6 Plus го заменува iPad

Корисниците на новите iPhonе 6 и iPhone 6 Plus помалку ги користат своите iPad таблет комјутери, вели анализата на Pocket направена на над 2 милиони корисници. Новитe телефони на Apple имаат поголеми екрани до 5,5 инчи па корисниците немаат потреба да користат iPad за читање содржина, бидејќи големите екрани се доволни. Тие пак што користат 4-инчен iPhone 5 дури половина од времето користат iPad.

Токму поради поголемите екрани, корисниците на огромниот iPhone 6 Plus гледаат во просек 40 отсто повеќе видеа од тие што имаат iPhone 5. Можеби анализата и не треба да изненадува премногу со оглед на тоа дека iPhone 6 е нов телефон, па засега е сè уште поинтересен за корисниците, па почесто го имаат во рацете. Поинтересна е неодамнешната анализа која покажува дека всушност една од најдобрите карактеристики на iPad – неговата издржливост значително допринесува за намалување на продажбата на новите модели на iPad.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top