0 коментари 2 мин. читање 28 ноември, 2014

Eвропскиот парламент одобри симболична одлука за делење на компанија, на мета е Google

Европскиот парламент нема моќ да дели компании, но одобри одлука да се оддели Google во два дела. Парламентарците во Стразбург гласаа со 384 за, 174 против, за одлуката да се одели Google на два дела, пребарувач и комерцијален дел. Засега, одлуката нема никаква моќ, освен да врши притисок врз Google.

Американскиот гигант има над 90 отсто од пребарувањето во Европа, и затоа Парламентот смета дека Google треба да си го оддели пребарувачот од своите комерцијални активноста, за да се зачува објективноста на резултатите. Одлуката важи за сите интернет пребарувачи, иако е наменета, пред се, да го ограничи монополот на Google.

Но, иако ја нема моќта да влијае врз Google, Парламентот ја има поддршката од Комисијата за конкурентност на пазарот која започна истрага како Google ги прикажува комерцијалните резултати, и од Европската комисија која води своја битка со Goоgle за пребарувачот да го воведе „правото да бидеш заборавен“ во глобални рамки, не само на стариот континент. Доколку Google биде прогласен за монополизација и фаворизирање на резултатите, тогаш може да биде казнет со 5 милијарди долари.

Google одби да коментира за одлуката на Европскиот парламент.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top