Почнува ByteBreach 2025.2 – предизвик што комбинира учење, забава и реални вештини за сајбер безбедност

Од 15 декември до 2 јануари 2026 година, BeyondMachines го организира ByteBreach 2025.2 – онлајн предизвик за сајбер безбедност што има за цел на практичен и забавен начин да ги поттикне учесниците да ги тестираат и унапредат своите вештини. Преку серија задачи со различна тежина, предизвикот нуди безбедна околина за учење, експериментирање и поврзување со заедницата на сите оние кои се заинтересирани за сајбер безбедноста. Предизвикот е и продолжение на слични иницијативи од изминатата година, а кои се посветени на покревањето свест за сите опасности кои доаѓаат во сајбер просторот.

Божидар Спировски, експерт за сајбер безбедност и дел од тимот на BeyondMachines, говори за концептот на ByteBreach 2025.2, типовите задачи што ги очекуваат учесниците, како и за клучните вештини што младите инженери треба да ги развијат за да изградат кариера во оваа индустрија.

Божидар Спировски: Целта ни е да го направиме предизвикот едукативен и забавен. Затоа задачите се движат од релативно лесни кон потешки, но верувам дека денес секој има свој “дигитален советник” со кој ќе може да се снајде со најголем дел од нив. Има задачи од класична криптографија, Open Source Intelligence, ранливост во автентикациски системи, secrets in code, анализа на мрежни пакети, погрешни конфигурации за на крај да се стаса до стеганографија (криење податоци во други медиуми). И секако, како помош и учење од 16ти Декември на нашиот Discord сервер ќе имаме кратки дискусии за секој чекор од предизвикот.

Не правиме ограничување и веројатно работата во тим ќе биде уште поинтересна. За жал, немаме награди за тимови. Ако работат како тим, ќе треба да се договорат кој ќе се поднесе решение. Ако добијат награда, самите ќе треба да се договорат што со наградата.

Брзо да учат и многу да комуницираат. Денес технологиите се менуваат секоја година-две, и индустријата за сајбер безбедност мора многу брзо да се прилагоди на новите технологии, ранливости и техники на напад. Во ова помага да можат брзо да учат, да експериментираат, и секако, успешно да ги искомуницираат новите воочени ризици со остатокот од организацијата.

Сакаме да помогнеме, и да ја приближиме оваа професија до сите. Има многу луѓе кои се заинтересирани за сајбербезбедност, но постои една перцепирана бариера на “нема кого да прашам”. Преку серијата вакви предизвици даваме безбедна околина да се пробаат научените техники, и сите учесници да се вклучат во поголема група на луѓе кои споделуваат искуства, прашуваат и си помагаат. Затоа имаме и BeyondMachines Discord сервер кој стана еден вид на неформална задница на луѓе заинтересирани за сајбербезбедност. Таму дискутираме и одговараме на прашања, но и заеднички анализираме тековни измами и напади (колку што ни дозволува време и ресурси) и споделуваме јавни предупредувања. Сето ова заедно создава и поголема критична маса на луѓе заинтересирани за професијата на кои им даваме поддршка, а и даваме вредност во јавноста со предупредувањата. Можат да се приклучат на нашиот Discord сервер.

Верувам дека предизвикот ќе ги потсети на некои чести ранливости за кои потоа ќе прашаат во секој следен ангажман. За жал, огромен број на реални ранливости се прилично тривијални, па оваа серија на вежби ќе ги потсети да прашаат за некои од нив. Исто така, бараме од учесниците да напишат добар writeup, со што ќе мора да ги повежбаат своите комуникациски вештини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments