0 коментари 2 мин. читање 30 октомври, 2014

HP претстави 3Д принтер кој ќе биде „побрз и поевтин“ од конкурентите

Hewlett-Packard го најави својот 3Д принтер со ветување дека ќе биде десет пати побрз од конкурентните принтери. Од компанијата велат дека засега оваа технологија сè уште зафаќа незначителен дел на пазарот, а за ова ги обвинуваат токму бавноста на конкурентите, но и релативно високата цена. Со новите принтери HP ќе се обиде да ги надмине токму овие проблеми.

[youtube]u0grzTE3m34[/youtube]

Hewlett-Packard ја презентираше и својата прогноза во која велат дека пазарот на 3Д принтери во 2018 година ќе порасне на 4,8 милијарди долари, од сегашните 1,15 милијарди. Поради растот на 3Д принтерите и намалувањето на употребата на хартија, очекуваат дел од компаниите кој работат исклучиво со 2Д технологија да имаат проблеми со растот во периодот кој доаѓа.

Заедно со 3Д принтерот, HP го најави и новиот персонален компјутер Sprout кој доаѓа со вградени скенер, проектор и тачпад и оперативен систем Windows 8. 3Д скенерот е прикачен на мониторот, а проекторот ќе ги презентира на „падот“ кој е преполн со сензори. Sprout ќе биде достапен во продавниците од 8 ноември, а во претпродажба од 30 октомври. Цената на компјутерот е 1.900 долари.

Post by HP.
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top