Веќе сме на средината на првиот месец на оваа нова 2025 година, а претходната година сајбер просторот во Македонија се покажа како доста динамичен. Фишинг нападите речиси ни станаа секојдневие, со тоа што овие напади се одвиваа под маска на јавни институции, банки, компании и слично. Веројатно првите случаи на фишинг напади за 2025 се нападите под маска на Веро маркетите и Нептун.

Станува збор за лажна страница која го користи името и имиџот на Веро. Злоупотребена е Веро картичката, а напаѓачите иницираат брза реакција за да се пополни одреден формулар, со што потенцијалните жртви би оставиле сензитивни податоци.
Покрај овој случај, многу сличен е случајот за купување на Marshall звучникот од Нептун. Имено, по повод 60 години од брендот Marshall. Со лажен профил на Facebook под маска на Нептун се рекламира купување на звучник од брендот Marshall за само 612 денари.

Откако ќе се кликне на линкот на објавата, тој пренасочува на веб-страница на која што треба да се поминат повеќе чекори за да се стигне до звучникот Marshall.
Во продолжение, чекорите кои треба да се поминат за да се стигне до наплата.






Секако, на крајот доаѓа внесеувањето на податоци и платежниот процес.

Сепак, откако се кликнува копчето CONTINUE, инсталираниот анти-вирус го препознава како фишинг и го блокира.

Шемите од ваков тип не се ништо ново, но загрижувачки е тоа што и после толку многу објави и пишувања на темава, тие не престануваат. Ова укажува на тоа дека и понатаму има граѓани кои што паѓаат во вакви замки.
штета што статијата не излегува на time.mk
Или да надевам дека содржините ви излегуваат на други news agregatori. Многу е неопходна вака едукација кон поголеми маси народ.