0 коментари 3 мин. читање 26 јули, 2024

Чувајте дигитално милениче во игра или на десктоп со Weyrdlets

Weyrdlets – игра која комбинира релаксација и продуктивност

Weyrdlets е бесплатна игра со виртуелни миленичиња. Но, Weyrdlets е и многу повеќе од тоа. Со работите кои ги собирате, можете да го уредувате вашето милениче и домот во кој претстојува. А, во моментот кога ви е потребно дружење од слатко суштество за време на работа, можете да го повикате миленичето да се вдоми на вашиот десктоп и да влијае на подобра мотивација или преку често охрабрување да се извршат работите или пак со самото тоа што слатко ќе ве набљудува!

Доколку често ги храните со соодветна храна, миленичињата ќе копаат најразлични корисни работи или во играта или додека се на десктоп површината. Штом ископаат нешто, ќе видите симбол со лопата, на кој, доколку кликнете, ќе можете да ја извлечете работата.

Има многу работи на кои треба да внимавате за да вашето милениче биде среќно!

Лев клик ви дозволува да си го кревате и носите на различни места миленичето, а десен клик отвора команди за галење и управување со миленичето. Со вашето секојдневно посетување, добивате награди, а имате и дневни квестови кои ве наградуваат со една од двете дигитални валути. Shines е валута која се добива во играта преку завршување најразлични активности, а Jellybeans е валута која се купува со вистински пари. Сега за сега, продавницата не делува премногу агресивна. Со исполнување на бројните активности добивате и искуствени поени кои отклучуваат дополнителни работи за купување од продавницата.

Со вашето милениче можете да го посетувате и игралиштето каде ќе можете да се релаксирате преку едноставни активности за социјализација. Доколку кликнете на опцијата Desktop, играта ќе се минимизира, а миленичето ќе се вдоми и ќе почне да шета низ вашиот десктоп.

Во сржтта, Weyrdlets е едноставна игра со симпатична реализација. Доколку носталгично се сеќавате на физичките направи со чување миленичиња од 90-те години на минатиот век, би можеле да наидете на бројни активности со посвојување најразлични миленичиња, грижење за нивните потреби и длабоки можности за уредување на нивниот изглед и дом! Но, не можевме, а да не забележиме дека резолуцијата е значително пониска и, во одредени ситуации, движењата на миленичето не беа реалистично анимирани и се со забележителни сецкања.

Во меѓувреме, развојното студио Weyrdworks макотрпно работи на исправање на баговите и водедување дополнителни функции.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Weyrdworks
  • Издава: Weyrdworks
  • Жанр: релаксирачка симулација
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 23 јули 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top