Пребарувачот SearchGPT од OpenAI е достапен како прототип

Креаторите на најпопуларната вештачка интелигенција ChatGPT оваа недела претставија и сопствен пребарувач SearchGPT. Пребарувачот засега е прототип и не е достапен за поширок број на корисници. Со пребарувачот, OpenAI ќе биде уште подиректен конкурент на Google и Perplexity.

Додавањето на пребарувач во ChatGPT не е премногу добро чувана тајна. Веќе повеќе месеци излегуваа вести за развојот на пребарувачот. На настанот во мај кога OpenAI го претстави GPT-4o бевме речиси убедени дека ќе видиме пребарувач. Неколку месеци подоцна, пребарувачот е реалност.

Засега SearchGPT е достапен на 10 000 корисници кои ќе можат да го користат, тестираат, и да ги пронајдат потенцијалните проблеми. Во групата која го тестира има обични корисници и издавачи кои со OpenAI ќе ги споделат првичните впечатоци од својата работа со пребарувачот. Сите кои се заинтересирани да видат како изгледа новиот пребарувач пред да биде официјално достапен, може да се приклучат на листата на чекање.

Сѐ започнува со текст поле во кое пишува „What are you looking for?“ (Што барате?). Штом корисникот го внесе прашањето, SearchGPT ќе прикаже организирана листа од линкови и одговори. На пример на прашањето „Кога можам да видам nudibranch (вид морски полжави) во Халфмун Беј овој викенд?“ SearchGPT додава одговор дека „најдобро е де се бараат за време на осека кога се кријат во базенчињата направени по повлекувањето на водата“, заедно со линк до страницата од која е повлечена информацијата; податок за времето во кое започнува осеката; и линк до страницата која споделува подетални информации за климата и осеката.

Во друг уште поинтересен пример корисникот поставува прашање за музички фестивали во Бун, Северна Каролина во август. SearchGPT одговара со листа на фестивали, кратка информација за секој од фестивалите и линк до изворот на веста.

„SearchGPT е дизајниран да им помогне на корисниците да се поврзат со издавачите преку јасно видлив извор на цитатот и линк до изворот во пребарувањата. Одговорите имаат јасно видливи податоци за изворите, па корисниците ќе знаат од каде доаѓаат информациите, и можат брзо да прочитаат и да дознаат повеќе резултати во страничната лента“, вели OpenAI на блогот.

Пребарувачот на овој начин преку споделување на вестите до корисниците треба да им овозможи на издавачите да дојдат до нови корисници, а на корисниците да дојдат до релевантни извори на податоци. Издавачите ќе го имаат конечниот збор за тоа како нивните податоци се прикажуваат. Може да одберат нивните содржини да не се користат за тренинг на вештачката интелигенција, а сепак нивните податоци да се прикажуваат во пребарувачот, вели Verge.

SearchGPT е изработен во соработка со издавачки организации како The Wall Street Journal, The Associated Press и Vox Media.

Причината за тоа што SearchGPT започнува како прототип веројатно треба да се бара во серијата проблеми кои Google и Perplexity ја имаа со своите модели на пребарување поддржано од вештачка интелигенција. Проблемите на Google беа што пребарувачите добиваа погрешни одговори на пример: „Ставете лепак на пицата“ или „Нема држава во Африка на К“. Perplexity пак беше обвинет дека во целост ги „собира“ податоците од страниците и ги прикажува како свои.

Сите проблеми кои би можеле да се појават во оваа фаза, без разлика дали се погрешни одговори или наведување на погрешни извори на податоци ќе можат да бидат објаснети со „Сѐ уште е прототип фаза“ без да биде нарушен угледот на OpenAI.

Едно од интересните прашања кое го отвора пребарувањето со помош на вештачка интелигенција е „Кој е начинот на кој ќе се финансираат овие пребарувања?“. SearchGPT нема реклами и во моментов е бесплатен, а пребарувањето е многу поскапо со користење на вештачка интелигенција од стандардното пребарување со Google. Трошоците за тренинг на OpenAI во 2024 година би можеле да достигнат 7 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk