Тешко е да се сокрие нашата возбуда оваа жешко попладне. Откако бевме со денови опсипани со најразлични податоци за најновата експанзија за Guild Wars 2, решивме конечно да се осмелиме, да ги контактираме од ArenaNet и да ги замолиме за краток разговор за нивната моментна и идна експанзија.
За нашите прашања, ја имавме честа да разговараме со водечкиот менаџерЕндру Греј, дизајнерот за системот за битки – Брајан Јароу, водечкиот дизајнер за биткиКал Кохен, и, секако, дизајнерот за звукРоб Милс.
Како што можеби знаете, помина година дена од излегувањето на експанзијата The Secrets of the Obscure. Низ трите нови мапи, гејмерите искусија целосно нова приказна, проверија нови специјализации, направија арсенал од легендарна опрема и сега се спремни за нешто ново. Тоа ново доаѓа во форма на The Janthir Wilds – петтата експанзија за мега пополарната MMORPG игра. За жал, The Secrets of the Obscure беше прифатена од фановите со измешани реакции и бевме посебно внимателни во поставување на нашата серија од рафални прашања:
Колку сте задоволни од концептот што го воведовте со The Secrets of the Obscure? Дали има нешто што сакавте да го направите поинаку? Дали новото проширување ќе чекори по истите стапки или планирате малку да ја размрдате формулата? Ако е така, до кој степен?
На оваа прашање добивме две интересни размислувања и од Ендру и од Брајан. Од една страна Ендру е „посебно горд на она што тимот го има направено со Secrets of the Obscure.“ Тој, понатаму, ни објасни дека: „менувањето на целиот модел за испорачување содржини, кој е заснован на десет годишно искуство воопшто не е лесно, но сметам дека тимот направи експанзија со која може вистински да се гордее.“
Ендру Греј: Ние многу учиме од секое проширување. Ова никако не беше исклучок. Една лекциите кои ги научивме беше поврзана со опсегот на приказната – фер е да се каже дека бевме претерано амбициозни, особено со обемот на приказната што ја раскажувавме во нашите квартални изданија.
Ендру објаснува дека оваа искуство целосно го има реформулирано начинот на кој се осмислувала приказната за новата експанзија:
„За The Janthir Wilds размислуваме за работи како колку нови ликови воведуваме, со какви предизвици би можеле да се соочиме и до кој степен да биде големината на приказната што се обидуваме да ја раскажеме.“
Тоа не е единственото нешто што го имаат научено од моментната експанзија, особено во поглед на мапите.
„Научивме, исто така, дека објавувањето мапа на три изданија доаѓа со голем број предизвици и, поради тоа, ќе се вратиме на моделот со објавување мапа на две изданија, нешто што беше успешно во минатото.“
Низ разговорот, повеќе од јасно ни стана дека многу надежи биле вложени во The Secrets of the Obscure. Нивната реализација има допринесено до примена на поразлични стратегии со The Janthir Wilds.
„Ние, исто така, потврдивме дека проширувањето и подобрувањето на постоечките системи за игра им носи вистинска вредност на играчите, особено во делот со раздвојувањето на руните и реликтите. Тоа нè натера да погледнеме други системи кои би можеле дополнително да се прошират и желбата за таквото нешто не доведе до функцијата Homestead.“, објаснува Ендру
Во случај да не знаете, Homestead е со години посакувана функција. Се работи за можноста да добиете парче земја кое може да го средувате онака како што вие сакате. Кога ќе излезе The Janthir Wilds, сите играчи ќе добијат парче земја на кое ќе можат да поставуваат најразлични предмети, најразлични животни, како и бројни оружја и опрема, меѓу другото.
Враќајќи се на нашето првично прашање, Ендру ни објасни за уште една работа:
„Исто така, потврдивме дека самостојната природа на примерените средби со 50 лица ни овозможува дополнително да експериментираме со уникатна механика која е специфична за содржината и ја отвори вратата за режими на предизвик за средби со голем тим. SOTO беше одличен прв потфат во овој нов модел и возбуден сум што играчите ќе го искусат Janthir Wilds за да можат да ги видат направените подобрувањата кои не би биле можни без лекциите од минатото.
На оваа наше прашање, и Брајан дефинитивно сакаше да се надоврзе, објаснувајќи дека:
„Научивме вредни лекции и за тоа како да ги опфаќаме нашите Strikes, мета босови и другите групни активности. На овие активности им треба многу време и напор за да се изградат онака како што треба. Се вложува многу тестирање и експериментирање, одново навраќање и приспособувањето. Никако не беше без многу предизвици. Го пренесуваме она што го научивме за време на SotO во JW, заедно со некои нови идеи за тоа како развиваме средби за да можеме со сигурност да ја достигнеме посакуваниот квалитет, без да го премногу исфорсираме, а, со тоа, и истрошиме тимот.“, вели Брајан
Како за прво прашање, сметаме дека добивме и многу повеќе од она што можевме да се надеваме. Со оглед на тоа дека железото се кове додека е жешко, не губиме време и одиме со нашето второ прашање, поврзано со копјата. По првпат, новата експанзија ќе дозволи секој да може да користи копја во битки на земја. Претходно, копјата може да се користат само за битки под водената површина.
Кој беше најпредизвикувачкиот или забавен аспект кога се обидувавте да го имплементирате копјето како копнено оружје за секоја професија?
Подразбирливо, за одговорот на оваа прашање се јави Кал, водечкиот дизајнер за битки:
„Забавниот дел (кој, исто така, се покажа и како предизвикувачки) беше да се открие стилот на копјето на секоја професија. Знаевме дека сите девет професии добиваат копје, па сакавме да се увериме дека сите тие ќе бидат уникатни; ние очигледно не сакавме да направиме само девет копја кои функционираат исто.
Воинот е најтрадиционален, фрлајќи ги копјата кон својот непријател од далечина, додека ренџерот има мешавина од напади за од блиску и далеку. А тука и нашиот невидливиот механичар за кој еднај чекаме да го проверите. Во меѓувреме, елементаристот имплементира елементарни тактики и канализира магија преку своето копје за да повика разорни магии како вулкани. Тимот навистина се надмаши во овој оддел.
Дизајнерите подготвија извонредни вештини за копје, аниматорите ни направија еден тон неверојатни нови анимации за да ни овозможат да користиме копја на копно, а тимот за визуелни ефекти го оживеа сето и понуди впечатлив визуелен спектакл.“
Од она што го видовме за The Janthir Wilds, целата експанзија делува значително поразлична од претходните, како во поглед на дизајнот на мапите, така и во поглед на музичката подлога. Поради тоа, нашето трето прашање се наметна само-по-себе:
Која беше вашата инспирација за дизајнот на новите мапи, како и за саундтракот?
Ендру: Исланд беше примарна инспирација за дизајнот на мапите, а тоа всушност се случи сосема органски. Нашиот водечки дизајнер за приказната беше на одмор во Исланд и не бомбардираше со преубави слики, до тој степен да не знаевме која од која е поубава. Сите бевме воодушевени од огромната разновидност на екосистемите. По прилично озбилен разговор за Џантир, знаевме дека сакаме навистина впечатлива естетика и ова со сликите од нашиот дизајнер целосно се поклопи со нашата внатрешна визија.
Соработувавме и со локалниот нордиски историски музеј за да добиеме дополнителни референци. Овие референци беа инструментални во нашата мисија за константно црпење инспирација.
Навистина сакавме овие мапи да се чувствуваат како место каде што сакате да го истражувате, па дури и да живеете во него. Толку многу од мапите што веќе ги доживеавме започнуваат на најлошиот ден што таа област можеби некогаш го видела, работите горат, змејовите „змејуваат“ , и сè е некако прескокнато до 11. Ова никако не значи дека нема опасност и возбуда во Џантир, но сакавме и овие мапи да имаат повеќе моменти каде што можете едноставно да застанете и да ја впиете убавината. А ако нешто има Џантир, тоа е изобилство од убавина! Сите ние навистина со нетрпение очекуваме играчите да го искусат сето она што Јантир има да го понуди.
Како дизајнер одговорен за звукот, Роб Милс исто така имаше да сподели интересни работи во поглед на инспирацијата за музичката подлога:
„Саундтракот на Janthir Wilds беше направен за да ја отслика грубата убавина на нордиските средини на експанзијата. Имплементиравме традиционални народни инструменти како што се виолината хардангер, тагелхарпа и никелхарпа, се со цел за да се лирски испреплетат со перкусии од стариот свет, а потоа надоврзат со современите акценти.
Нашата замисла беше да се потпомогне раскажувањето на приказната за сродство, авантура, опасност и наоѓање дом. Нашата крајна цел беше саундтракот на Janthir Wilds да биде емотивен мозаик на античката традиција и модерната фантазија. Многу сме возбудени што можеме да го споделиме со нашите фанови.“
По бројни години целосно запоставување, рејдовите се враќаат на голема врата. Новата експанзија ќе понуди целосно нов рејд. Ова некако не подзамисли во поглед на страјковите, дали ова значи дека сега страјковите ќе бидат потиснати на сметка на рејдовите:
Што би рекле дека е најдобриот аспект од новиот рејд? Во однос на попредизвикувачките групни содржини, дали вашиот фокус повторно ќе се префрли на рејдови или ќе има здрава доза на рамнотежа помеѓу рејдовите и страјковите?
Брајан Јароу, главен дизајнер на борба:Најкул аспект на новиот рејд е тоа што играчите од сите нивоа на вештини ќе можат да уживаат во битките со босовите и да учествуваат во приказната што се раскажува преку режимот за до 50 лица.
Ние сме неверојатно возбудени што можеме да се вратиме во овој режим на игра, и тоа на начин кој вклучува многу повеќе играчи отколку што можевме претходно.
Што се однесува до идната рамнотежа помеѓу рејдови и страјкови, мислиме дека има вредност во двата режима на игра и би сакале да продолжиме да ги правиме и двете во иднина.
При крајот на нашиот разговор, решивме да се навратиме на функцијата за управување со дом. Homesteads изгледа како феноменална идеја, највеќе затоа што во осмислувањето на оваа идеја, го имаат замолено за соработка Џоел Екерт. Џоел, доколку не знаете, претходно има работено на The Sims серијалот.
Како Џоел Екерт помогнал во дизајнирањето на домовите? Дали е безбедно да се претпостави дека ќе видиме повеќе домови во иднина, како и повеќе опции за украсување и интеракција со нив?
Ендрју Греј: Искуството на Џоел, особено со работата на франшизата Симс беше огромен благодет за проектот Homestead, но, искрено, се работи за комплетен тимски ангажман. На еден или друг начин, сите допринесоа во осмислување и реализирање на идејата која стои зад домовите.
Една од нашите примарни цели беше да овозможиме на играчите едноставен систем и да елиминираме бројни комплицирани и непопуларни системи кои до ден-денес се провлекуваат во другите системи за домување. Благодарение на неговото долгогодишно искуство работејќи на тој тип на игра, бевме опсипани со богато знаење за тоа што им се допаѓа и што не им се допаѓа на играчите за домовите.
Што се однесува до можноста за проширување, тоа исто така беше еден од нашите основни столбови за дизајнот на функцијата за домување и апсолутно треба да очекувате да видите нови украси и нови опции во вашиот дом.
Како за крај, решивме да ги тестираме водите и да провериме дали една од гласините поврзана со животното за јавање, Warclaw, е точна:
Можете ли да ги потврдите шпекулациите дека ќе можеме да користиме копја додека сме ja јаваме Warclaw? Можете ли да споделите нешто за новите начини на кои ќе се користи warclaw со новата експанзија?
По се изгледа, прашавме нешто за што тимот не е спремен сега-за-сега да разговара:
„Имаме некои други изненадувања во Warclaw за кои ќе зборуваме понатаму. Сите тие работи се поврзани со вештината за воздушен скок што веќе ја спомнавме.“, објани на кратко Ендру
Тука некаде завршува нашиот разговор. Тимот на it.mk топло се заблагодарува на ArenaNet за одличната соработка која ја имаме со годините и од срце и посакува се најдобро со нивната најнова експанзија.
The Janthir Wilds излегува на 20 август! За понатамошен увид во експанзијата останете со it.mk!
Стани премиум член и доби пристап до сите
содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет,
верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го
поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
Cookie
Duration
Description
itmkhascookiez-checkbox-analytics
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Аналитика".
itmkhazcookies-checkbox-others
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Други".
itmkhazcookiez-checkbox-functional
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Функционални".
itmkhazcookiez-checkbox-necessary
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Потребни".
itmkhazcookiez-checkbox-performance
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност. Колачето се користи за да се зачува изборот на корисникот за колачиња во категорија "Перформанси".
viewed_itmk_cookiez_policy
11 months
Ова колаче е поставено од плагинот за контрола на прифаќање/одбивање на политиката за приватност и не чува лични податоци.
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.