Од програмери за програмери: Подгответе се за What The Stack 2024

На 14-ти септември во МКЦ ќе се одржи првата интернационална Web Dev конференција What The Stack, во организација на неколку ИТ непрофитни организации: DeveD , Angular Macedonia , Base42 и Women In Tech.

Конференција е посветена на веб-развојот, веб-платформата и веб-стандардите и, е водена од ИТ заедниците со концепт „од програмери за програмери“. Целта е да се подигне едукацијата, искуството и подобри квалитетот во работата на македонската IT индустрија.

Идејата за ваков настан постои подолго време и од поттикната од собраните искуства на настаните од ваков тип што се случуваат во светот како што се JSNation, WeAreDevelopers, Web Summit итн., а реализацијата е кулминација од повеќегодишниот труд да се гради и расте голема и страбилнa web заедница кај нас.  

Се очекуваат голем број на посетители од целиот Балкан, со што од оваа конференција ќе има бенефит целиот регион, а Скопје ќе биде поставен на мапата на градови кои организирале настан од вакви размери и ќе стане препознатлив за webdev заедницата во Европа и пошироко.

Ќе има богата програма со познати имиња од интернационалната IT сцена, како што се Даниел Афонсо, Атила Фасина, Сантош Јадав и Сем Влобергс – Google експерти за веб развој (GDE Google Developer Expert), како и предавачи од домашната ИТ сцена. На целодневниот настан, активни ќе бидат две големи и две помали сцени. Повикот за учесници – предавачи е сè уште отворен, а стручен одбор ќе направи селеција на најквалитетните теми од пријавените кандидати кои ќе добијат право на учество (линк за пријавување).

Сите заинтересирани може да пријават тема и да го споделат своето знаење, бидејќи навистина е чест да се дели сцената со едни од најголемите имиња од интернационалната webdev сцена.

Картите се пуштени во продажба. Може да се купат регуларни, VIP карти и групни карти. За сите купени карти до 11 јули следуваат super early bird попусти од 50%. Исто така, во моментот има и попусти за групни билети. 

Билетите се купуваат на веб страницата https://wts.sh/, а What The Stack може да ги заследите на социјалните мрежи за да бидете во тек со најновите информации поврзани со конференцијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments