1 коментар 1 мин. читање

ИТ настан: Дискусија за отворени податоци на Open Data Meetup Skopje

Како што интернетот собира што е можно повеќе податоци, и како што институциите ги ослободуваат тие информации, достапни за јавноста, така се отвара прашањето – дали и што може да се направи со тие сурови иотворени податоци?

За суровите и слободни информации, и како правилно да се користата за да се направи нешто корисно, ќе се дискутира на Open Data Meetup Skopje, закажан за 11 септември. На настанот сите ентузијасти кои се заинтересирани да креираат нови сервиси од овие јавни податоци, ќе можат да дознаат како да се искористат отворените податоци во Македонија.

Open Data Meetup Skopje e организиран од Фондацијата Метаморфозис, и поддржан од Open Knowledge Foundation Network и School of Data.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top