Бесплатното е лага, вели дизајнерот Арал Балкан, еден најгледаните и најкоментираните говорници на Thinking Digital 2013. Оваа година се врати на Thinking Digital со објаснување за тоа кој и како ги користи и поседува нашите податоци, додека ни ги пласира завиткани во „бесплатна услуга“.
„Facebook ги купи WhatsApp за 19 милијарди долари. Зошто платија 19 милијарди, што купија? Тоа што го купија се телефонски броеви од 500 милиони корисници, но можеби поважно право да ги слушаат нивните идни разговори…“
Технологијата направи компјутерите да ги носиме постојано со нас – паметни телефони, паметни часовници – да бидеме постојано поврзани. Теxнологијата направи од нас киборзи, не со имплантирање на уреди, туку со начинот на кој го перцепираме светот, и начинот на кој влијаеме на светот. Овие алатки се незаменливи денес. Но овие исти алатки се во раце на само неколку компании кои имаат огромна моќ врз нашите податоци.
Бесплатното го плаќаме со лични податоци. Бесплатната имајл пошта е одлична идеа, но алгоритмите кои ги препрочитуваат пораките за да ви понудат ексклузивни пораки, не би ги дозволиле доколку станува збор за отворање на традиционалните пакети и пошта не би ги дозволиле. Сепак кога станува збор за алгоритми полесно прифаќаме дека некој постојано ги препрочитува сите пораки и постови за да ни понуди бесплатна услуга. Некојпат како Re-captcha или Ingress корисниците плаќаат за услугата со друга услуга, така во случајот на Re-captcha корисниците му помагаат на Google во „превод“ на зборовите, а во случајот на Ingress играчите на играта Google добива податоци за движењето на пешаците.
Facebook, Twitter, Google и Apple се најголемите компании на кои им ги оставаме нашите податоци во доверба. Дали ова е паметна идеја ќе можете да заклучите доколку го изгледате говорот на г.Балкан.
Aral Balkan – Free is a Lie – Thinking Digital 2014 from Thinking Digital on Vimeo.