0 коментари 1 мин. читање

Ова не е сатира: Facebook ќе ги маркира лажните вести за да не се збунат корисниците

Facebook ќе им помогне на корисниците да ја препознаат лажната вест од Onion и други слични сајтови, вели BBC. Корисниците кои споделуваат сатирични вести сигурно знаат дека се работи за лажни вести, но проблемот, кој Facebook сака да го реши, e кај другите корисници кои ја гледаат споделената вест и не се сигурни дали изворот е вистинит. Сатиричните вести често се спакувани како медиумски продукт, и често се добро напишани, иако ирационални, па многумина корисници им веруваат и ги сфаќаат здраво за готово како вистински вести.

Друштвената мрежа потврди дека прави тест со мал број на корисници така што им покажува текст [Satire] пред линкот до лажните вести. Фидбекот ќе пресуди дали маркирањето на содржина ќе им помогне на корисниците да ги разликуваат лажните од вистински вести.

Но, тешко е да се верува дека Facebook ќе успее да ги препознае лажните вести од македонските сатирични сајтови како Брејкинг.нет.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top