0 коментари 2 мин. читање 19 август, 2014

Retweet или Favorite? Според Twitter двете функции се исти

Најновиот експеримент на Twitter да ги прикажува „favorites“ во тајмлајнот наиде на критики од корисниците. Голем дел од корисниците со право негодуваат бидејќи повеќе речиси и нема разлика помеѓу „retweet“ или „favorite“, a тајмлајнот им е преполн со „favorite“ од луѓето кои ги следат. Заедно со оваа промена Twitter започна да прикажува и кога некој од луѓето кои ги следите ќе започнат да следат некој друг.

Давањето на retweet и favorite речиси иста функција е бесмислено, а во истовреме друштвената мрежа почнува да наликува повеќе на Facebook. Најголем дел од корисниците retweet го користат за да споделат некој твит кои мислат дека ќе им се допадне и на другите. Разликата е што најчесто favorite се користи како Like, да се потврди коментарот, но не и да се сподели. Не е никакво изненадување што на најголем дел од корисниците не само што не им се допаѓа оваа нова функционалност, туку и гласно ја критикуваат. Најголемата критика доаѓа од The Next Web кој вели дека луѓето кои се задолжени во Twitter немаат основна идеја како нивните корисници ја користат услугата. „Наместо да воведат директни пораки – Twitter ги менува своите основни функционалности на полошо“, пишува блогот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top