0 коментари 1 мин. читање

Фокусирајте се, релаксирајте се и спијте со персонализирана музика на (Not Boring) Vibes

Особено важно е да бидете во вашиот елемент и да успеете да ги извршувате бројните секојдневни обврски со полн потенцијал. Ако таквото нешто е важно при фокусирање, тогаш истото се чини двојно поважно кога ќе ставите крај на работата/ учењето и ќе пробате да се релаксирате и да спиете.

За многу луѓе, ваквото нешто е незамисливо без соодветна и квалитетна музика во позадина.

(Not Boring) Vibes е нова iOS апликација која ви сервира персонализирана музика кое е замислена да ви помогне да сте фокусирани и да се задржите во моментот. Следствено на тоа, апликацијата ги следи вашите активности и во зависност на нив, таква и музика пушта.

Па така, од арсенал од над 1000 примероци се влечат едни музички траки за фокусирање, други за релаксирање, трети за спиење, а четврти за вежбање. Сите траки се внимателно изберени или да ве правилно мотивираат да продолжите со работата/ вежбањето или пак да ве опуштат за посмирена сесија на одмарање.

Иако имате пробен период од седум дена, за понатамошно користење на апликацијата потребна е месечна финансиска посвета од 150 денари. Нема планови за нудење на апликацијата во Android околина.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top