Опциите се едноставни и содржат една страна во која може да се намести приватноста на постовите, пријателите, да се намести како луѓето ве наоѓаат на Facebook и кои информации да споделите, како и можност да сте на страна од плагините на другите сајтови. Старите сетинзи за секој поединечна информација ќе останат, додека новиве поедноставните опции се само лесен начин за брзо местење на целата приватност.
Интересна промена е како првично ќе ги наместите опциите тие така ќе бидат за сите нови промени и сервиси на Facebook. Ако наместите да споделувате информации само со пријателите, тогаш кога Facebook ќе стартува нов сервис тој сервис ќе биде наместен да споделува само со пријателите. Воведена е и опција каде поедноставно можете да ги исклучите апликации или веб сајтовите.
Facebook стартува и нова веб страна со објаснување за новите опции и кој дел што значи. Ќе забележите дека на сликата под „препорачани“ опции вашите слики, биографија и постови се наместени да бидат јавни т.е секој да може да ги види што е малку лицемерно од Facebook да при објавување на нови опции за подобра приватност да „recommend“ комплетно да ги споделите фотографиите и постовите.
Опциите полека се појавуваат кај корисниците, така да ако не ги видите веднаш без грижи, до крајот на денот во наредниве недели ќе бидат достапни за сите.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.