0 коментари 1 мин. читање

Friday the 13th: Killer Puzzles и бројни додатоци се привремено бесплатни

Friday the 13th: Killer Puzzles е одлична инди игра со загатки кои се поврзани со култниот филмски серијал Friday the 13th. Низ годините, играта уживаше огромна популарност од страна на фановите поради уникатната формула и препознатливата атмосфера од познатите хорор филмови. Токму поради тоа, беа исфрлени едно чудо последователни додатоци.

За жал, авторите зад Friday the 13th: Killer Puzzles не успејале да ги обноват правата кои се поврзани со лиценцата и од 23 јануари играта ќе престане да се продава. Токму поради тоа, основната игра и половина од додатоците се бесплатни само на Steam, додека другата половина од додатоците се продава со попуст.

Оние што до 23 јануари ќе ја купат Friday the 13th: Killer Puzzles и додатоците ќе можат и понатаму да ги играат кога ќе посакаат, но по горе-споменатиот датум никој повеќе нема да може да ја купи играта од соодветните продавници.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top