Се случува ли често да ви дојдат гости и да ја побараат вашата мрежа и лозинка за да се конектираат на интернет?
Во случај да сакате да одите еден чекор понапред, можете да го посетите QiFi и од тука да ги внесете податоците за вашата мрежа, начинот на шифрирањето и безбедносниот клуч. По внесување на податоците и кликнување на копчето Generate! ќе добиете QR код кој откако ќе се скенира од вашите гости, автоматски ќе ги „прикачи“ на вашиот интернет.

Вака создадениот QR код може да си го сочувате во вашиот телефон или да го испечатите и залепите некаде во собата. Нареден пат кога некој сака да се приклучи на вашиот интернет само им го покажувате кодот!
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.