0 коментари 3 мин. читање 4 ноември, 2022

Хибридно работење во новиот PROPERTY ONE CO-WORK простор во Скопје

Една од попознатите real estate компании во регионот, PROPERTY ONE REAL ESTATE & DEVELOPMENT го отвори својот прв co-work простор во Скопје, со тенденција за наскоро отворање на уште 2 вакви простории низ градот.

Водени од професионалното познавање на своите клиенти (претежно од ИТ индустријата) и слушајќи ги нивните барања за нов начин на работа, тимот на Проперти Оне создаде нов концепт на co-work простор. 

Идејата на концептот е сите посетители да се чувствуваат како дома. Поделен во неколку зони во кои се поттикнува колаборација, дружење и соработка помеѓу посетителите, во co-work просторот преовладува зеленило, нов мебел и природна светлина. 

Просторот е дизајниран од тимот на архитектонското студио “Паралел Груп” кои го опремија co-work просторот со високо-квалитетен мебел од италијанските брендови  “IVM” и “Leyform” специјализирани за канцелариско уредување.

Како компанија која се грижи за животната средина и задоволството на сите луѓе кои работат во канцеларија, важен дел беше да се запази енергетската ефикасност,  елементите на ентериерот, како и квалитетот на воздухот.

Просторот располага со “open space” кој може да прими 25 луѓе, 4 канцеларии со капацитет за 24 луѓе и една конферециска просторија со капацитет за 10 луѓе.

Исто така има на располагање “phone booths” кои нудат приватност (посебнo за видео разговори), централна точка е комплено опремената кујна со италијанско кафе, разни видови на пијалоци, колачи и мусли, рецепција за поддршка на клиентите, принтер, сервер соба, виртуелна адреса, приватни локери, како и секојдневно оддржување и дезинфекција на сите површини.

Property One Co-Work е одлично место за секој што работи на хибриден или ”remote” начин на работа како и за сите “freelancers” или “digital nomads”.

 Работното време на просторот е од 07.00 – 00.00 часот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top