0 коментари 2 мин. читање 6 ноември, 2022

Анимирајте ги цртежите на вашите деца со Animated Drawings

Цртежите кои вашите деца ги цртаат се магични! Нивното дело сведочи за уникатна креативност, инвентивност и енергија. Токму поради тоа, би можеле да посакате да им вдахнете живот на тие цртежи и да ги изненадите децата така што ќе ги прикажете нивните ликови во целосно нова, анимирана димензија каде се танцува, скока или лудува!

Animated Drawings е веб сајт кој демонстрира како вашите цртежи автоматски можат да бидат анимирани. Откако ќе го поставите вашиот цртеж или цртежот на вашето дете, ги следите чекорите за рачна детекција на телото кое е прикажано на цртежот и потоа одбирате како да биде анимирано истото!

На располагање имате најразлични анимации поврзани со танцување, скокање, одење или пак смешни ситуации. Со кликнување на анимација, ликот од цртежот инстантно започнува да се движи. Анимираниот цртеж можете да го преземете или да го споделите на социјалните мрежи. Доколку сакате можете да дозволите вашиот цртеж да влезе во јавната датабаза од цртежи.

Се надеваме дека ќе решите токму денеска да ги забавите дечињата така што ќе ги анимирате нивните цртежи!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top