34 коментари 2 мин. читање

ArenaNet и IT.mk подаруваат: Steam ултимативна едиција на Guild Wars 2, во вредност од 100 евра!

Претставници од ArenaNet нè контактираа и ни понудија еден Steam клуч за ултимативната верзија на Guild Wars 2 – една од најпопуларните ММО игри, која неодамна прослави 10 години постоење.

Покрај основната игра, која се одликува со долга кампања низ огромен свет со динамични квестови, ги имате на располагање и сите три експанзии кои излегоа за играта, но и сите епизоди кои излегоа помеѓу експанзиите. Првата експанзија, Heart of Thorns, го прошири светот низ четири нови мапи во џунглата и воведе интересни гејминг механики, како глајдинг. Втората и, според нас, најдобрата експанзија, Path of Fire, не одведе во преубава, но безмилосна пустина и конечно ни дозволи да јаваме најразлични животни со уникатни принципи на движење. А третата експанзија, која излезе од неодамна, одлично се надоврзa на се што беше понудено до сега – нашата мега рецензија можете да ја прочитате тука.

Сево ова, заедно со бројните епизоди, ви даваат стотици часови гејмплеј кој се целосно прилагодува на она што вие лично сакате да правите во играта, независно од тоа дали сте по соло играње или со други играчи.

Како да станете потенцијален добитник на Steam ултимативната верзија на Guild Wars 2?

Има две опции – и двете бараат да споделите статус со содржина “Guild Wars 2 во моето Steam сандаче“. Можете да го споделите:

  1. На ИТ форумот во оваа тема,
  2. Или на постот за Guild Wars 2 подарувањето на нашата Facebook страна

По 48 часа од оваа објава, ќе ги комбинираме валидните одговори од ИТ форумот и од Facebook постот и ќе одбереме еден корисник по случаен избор (in Random.org we trust)! Секако, Steam key-то за Guild Wars 2 ќе го испратиме во неговото сандаче. :)

НАДОПОЛНУВАЊЕ – 07 септември, 2022 во 21:09 часот:

Победникот е прогласен > Дознај повеќе

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Forum replies (34)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

TylerMkD

poweruser

4,764 пораки 10,096 лајк

@Oktar да земе, кога нема дрон бар да се занимава!

одговори Лајк

goramn

hello world

155 пораки 312 лајк

Куќа е, ќе се најде, а секоа куќа си има потреба од поштенско сандаче.

одговори Лајк

Slupcane

hello world

69 пораки 31 лајк

Guild Wars 2 во моето Steam сандаче

одговори Лајк

xbl9k

hello world

133 пораки 189 лајк

Guild Wars 2 во моето Steam сандаче

одговори Лајк

Trtka

Gaining Сало

703 пораки 1,001 лајк

Guild Wars 2 во моето Steam сандаче

одговори Лајк

ARMac

senior

9,388 пораки 12,328 лајк

Го сакам кам во моето сандаче.

одговори Лајк

Quasimodo

hello world

154 пораки 119 лајк

Проклета игра 10 години залудни поминати :))))

одговори 1 Like

NanoCell

hello world

417 пораки 518 лајк

Guild Wars 2 во моето Steam сандаче

одговори Лајк

TylerMkD

poweruser

4,764 пораки 10,096 лајк

Ако не добие Октар местено е

одговори 1 Like

Oktar

Хаќер без дрон

6,169 пораки 18,784 лајк

Ако не добие Октар местено е

Абе нејќу да ми падне ова, не ни знам што е, само ќе ми помине редот и после коќе дојде дронот, нацки шо ќе ми го дадат!

одговори 2 лајкови

drifter

hello world

125 пораки 341 лајк

Guild Wars 2 во моето Steam сандаче

одговори Лајк

ImTheDude

Careful man, there’s a beverage here!

740 пораки 1,247 лајк

Guild Wars 2 во моето Steam сандаче

одговори Лајк

Enquito

poweruser

2,610 пораки 1,768 лајк

Guild Wars 2 во моето Steam сандаче

одговори Лајк

Коментари

Дискусијата продолжува во поврзаната форумска тема.

Мени
Заедница
Изглед
To top