Контроверзниот онлајн форум Kiwi Farms остана без Cloudflare заштита и „избега“ во Русија

во Вести

Онлајн форумот Kiwi Farms викендов остана без заштита од Cloudflare. Сервисот објави дека поради приложени докази за непосредна опасност и закани по живот ќе ја прекине соработката со Kiwi Farms. Cloudflare претходно ја прекина услугата за „специјализирани“ (custom) пораки за грешки при невчитување на веб-страниците. Од викендот ги прекинаа и заштитата од DoS напади и забрзување на страницата преку креирање на копии на различни локации.

Kiwi Farms е контроверзен онлајн форум кој последниов период е најактуелен со кампањи и говор на омраза насочени против транс луѓето. Форумот е архива на чувствителни лични податоци, друштвени мрежи и слики на жртвите, но и на нивните пријатели и семејства.  Овие податоци се користат за да се открие идентитетот на жртвата, а некогаш пропратени со лажни тврдења се испраќаат до работодавачите за да бидат отпуштени од работа. Уште поголем проблем е што дел од информациите од форумот се користат за анонимно да биде испратена полиција на вратите на жртвите (swatting).

Жртвите на корисниците на Kiwi Farms се напаѓани во групи. Напаѓачите организирано ги тролаат, вознемируваат, или ги следат. Дел од овие активност некогаш се префрлаат од онлајн во физичкиот свет.

YouTube и Twitch стримерката Клара Соренти во август беше жртва на организирани напади. Корисниците на Kiwi Farms испратија лажна пријава за насилен криминал и полицијата влезе во нејзиниот дом. Поради ова, токму Соренти започна со кампања со која бараше од Cloudflare да престане да нуди услуги на Kiwi Farms. Форумот ќе мора да побара и нов провајдер на „captcha“ откако компанијата која досега ја нудеше оваа услуга, ја прекина соработката.

Cloudflare најпрво одби да престане да нуди услуги. Сепак викендов основачот на Kiwi Farms објави дека Cloudflare го известиле дека ја прекинуваат соработката. Компанијата објасни дека притисокот на јавноста на друштвените мрежи не е причина поради која Kiwi Farms е отстранет. Cloudflare добиле докази за зголемувањето на опасноста за некои луѓето и зголемени активности за таргетирање.

Кои се Kiwi Farms

Kiwi Farms е американски онлајн форум лансиран во 2013 година од Џош Мун, поранешен администратор на 8chan. Платформата започна да функционира под името CWCki Forums, а само по една година го промени името во Kiwi Farms.

Џошуа „Null“ Moon (By Joshua ‘Null’ Moon – https://www.youtube.com/watch?v=LVUPQwK-v9I, CC BY 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=78304753)

Самиот форум започнал како платформа за тролање на аутист транс уметник – автор на веб-стрипови.

Оттогаш, па до денес, жртви на форумот се членови на малцинства, жени, ЛГБТ, луѓе со попреченост, и генерално луѓе за кои членовите на форумот сметаат дека имаат ментална и сексуална девијација.

Веројатно најпознат инцидент во кој е вклучен форумот е објавата на пост на Kiwi Farms која ја направи напаѓачот пред терористички напад на две џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд. Како последица на одбивањето на споделување на податоци за објавата Kiwi Farms  е блокиран во Нов Зеланд. Нешто подоцна, откако поради организирани напади од членови на форумот, се самоуби веб-девелопер, Dreamhost ја откажа регистрацијата на доменот. Форумот кратко време беше регистриран во Русија, пред да се врати во САД.

Сервери во Русија

Како последица на отстранувањето од Cloudflare Kiwi Farms се пресели на сервери во Русија. Засега ако се обидете да отидете на форумот на kiwifarms.net ќе ве пречека пораката од Cloudflare дека поради непосредна заканата и опасност по човечки животи страницата е отстранета. Безбедносниот аналитичар Френк Фиглиуци смета дека по мигрирањето на Руски сервери, Kiwi Farms може да биде опасност за домашни терористички напади.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments