8 коментари 2 мин. читање

По години недостаток, конечно има вишок графички картички

Конечно добри вести за сите на кои им е потребна графичка картичка. По повеќе години недостаток на графички картички во продавниците, конечно ќе има вишок. Nvidia во својот Извештај за заработка за второто тримесечје го потенцираше намалениот интерес за графички картички. Како последица на ова, графичките процесори останаа во магацините на Nvidia. Компанијата ги „промаши“ финансиските предвидувања за периодот за 1,4 милијарди долари.

Интересот е толку намален што производителот престанал со испораки на графички процесори до своите партнери кои произведуваат графички картички и лаптоп компјутери. Nvidia сега ќе чека партнерите да ги испразнат постоечките процесори пред да започне да испорачува нови.

На почетокот на ковид пандемијата интересот за хардвер беше огромен, и многу луѓе купија графички картички во овој период. Видеоигрите беa можеби и најпопуларна забава во овој период, но интересот сега е намален.

Дополнително војната во Украина и рецесијата секако влијаат на стравот на купувачите за купување на поскап хардвер. Сепак специфично, графичките картички беа најинтересно парче хардвер за копачите на криптовалути. Во еден дел поради намалувањето на цената се намали и интересот за криптовалути. Позначајно, промените кај копањето на Ethereum, за кој од септември нема да биде потребен моќен хардвер влијаат најмногу на интересот.

Ова веројатно е најдобар показател за тоа колкав дел од пазарот отпаѓа на копачите. Nvidia во овој период и самата не можела да предвиди како ќе влијае падот на криптовалутите врз интересот за графички картички. Производителот предвидел и пред почетокот на тримесечјето дека интересот за гејминг графички картички ќе биде намален, но не очекувале олкав пад.

Предвидувањата се дека цената на графичките картички ќе продолжи да паѓа и во следниот период. Интересот на купувачите е помал, па на компанијата ќе и остане RTX 3000 серијата да ја продава заедно со новата RTX 4000 серија, констатира ArsTechnica. Следната генерација графички картички од Nvidia ќе биде достапна пред крајот на оваа година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Forum replies (6)Kоментари на статија (2)

Се вчитуваат нови одговори…

StalkeR

poweruser

5,517 пораки 6,741 лајк

Џабе е... И овие цени им се скапи, ке чекаат "уште малку да паднат".

Sent from my iPhone using Tapatalk

одговори 2 лајкови

DelphiUser

user

1,709 пораки 1,637 лајк

Bitcoin will rise again? Или толку беше прикзната?

одговори Лајк

Pane24

Mariovec

6,472 пораки 7,722 лајк

Нели нвидиа ни ги заклучуваше картите LHR за да имале гејмерите оти тие биле у најјголем процент на пазарот со графички.
Кај се сеа тие?

одговори 2 лајкови

Metuzalem

Tootle Puffer

7,650 пораки 13,697 лајк

Off-topic:

Недостаток = flaw

Недостиг = shortage

одговори 11 лајкови

Ron26

poweruser

2,190 пораки 2,620 лајк

ќе напраат некој програм сега за копање преку плугови, па сите луѓе ќе земаат трактори и ниви ќе работат.

одговори 1 Like

gokica

Модератор

10,054 пораки 14,131 лајк

Продаваа многу повеќе картички од порано и триеа раце. Не се за жалење. Ионака направија ненормални профити па сега може и во ѓубре да го фрлат она што остана.

Гејмерите се навикнаа да користат стар хардвер или преминаа на конзоли. Огромен број престанаа да следат новини знаејќи дека ионака нема да може да купат.

Уште на почеток човештвото требаше да го сопре ова лудило. А не да легализира плаќање со биткоини тешејќи не другите дека вака ќе даночат и ќе следат текови на пари. Но тоа е човечката природа - алчност, профит, пари и моќ.

одговори 16 лајкови

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top