Опремата на Huawei во САД можела да ја наруши комуникацијата околу воените бази

во Вести

Кинескиот производител на паметни телефони и телекомуникациска опрема Huawei инсталирал комуникациски предаватели во близина на воените бази на САД. Компанијата ова го правела дури и во рурални средини и на локации за кои немало економска логика. Антените за кои станува збор се дел од комуникациската опрема на помали локални оператори кои нудат сервис во руралните средини.

Истрагата на Федералното истражно биро покажала дека телекомуникациската опрема на Huawei имала капацитет да ја пресретне и да ја наруши комуникацијата околу предавателот. Дел од комуникациите кои можеле да бидат нарушени се од Стратешка команда на САД, дел од Одделот за одбрана (DoD) задолжен за нуклеарна одбрана, пренесе Verge.

Локациите на кои Huawei одбрал да ги постави антените немале никаква финансиска логика. Компанијата не би можела да ја врати инвестицијата во овие зони. Huawei во помали држави во САД, на пример Колорадо, Монтана, Небраска и Орегон продавал поевтина опрема.

Експертите од Федералното истражно биро дошле до овие сознаниja дури откако престанале да ја разгледуваат опремата од технички аспект и пристапиле да гo разгледуваат финансискиот аспект.

Одговорот на Huawei е дека опремата на компанијата не работи на иста фреквенција со опремата на Одделот за одбрана. Целата опрема која ја испорачал Huawei до своите клиенти во САД работи исклучиво на фреквенциите кои се дозволени за мобилна комуникација.

„Сите наши производи извезени во САД пред да бидат поставени се тестирани и сертифицирани од Федералната комисија за комуникација“, вели претставникот на Huawei за CNN. „Нашата опрема работи исклучиво на фреквенциите доделени од Комисијата за комуникација. Ова значи дека не може да пристапиме до која било фреквенција доделена на Одделот за одбрана.

Покрај Федералното истражно биро работата на Huawei ја истражува и Комисијата за комуникација. Оваа истрага повеќе е фокусирана на обичните корисници и на опасноста од споделување на нивните податоци или комуникација со властите во Кина. Членови на комисијата стравуваат дека властите во Кина би можеле да му наложат на Huawei да ги доставува овие податоци за корисниците. Поради законот во Кина, дури и да сака, Huawei не би можел да ги спречи властите.

Покрај повеќе обвинување, до сега нема споделен доказ, ниту дел од информација која Huawei ја „украл“ со овие антени. Експертите кои ги правеа истражувањата велат дека пронаоѓање на цврсти докази ќе биде исклучително тешко.

Во 2019 САД го стави Huawei на „црната листа“. Голем дел од американските компании ја прекинаа соработката со Huawei. Тогашниот претседателот Доналд Трамп изјави дека и спорот со Huawei ќе биде дел од решението на трговската војна. Како последица на овие санкции Huawei остана без Android , и компанијата мораше да го креира HarmonyOS.

Од 2019 година сите американски провајдери не смеат да инсталираат опрема произведена од Huawei. Постоечката опрема која е веќе инсталирана треба да биде заменета. Конгресот дури одобри средства во висина од 1,9 милијарди долари, со кои ќе треба да се субвенционира замената на опремата произведена од Huawei и ZTE. Сепак цената за замена на опремата на Huawei во сите провајдери изнесува 5,6 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk