Отклучете ја моќта на вашите соништа со Oniri

Oniri e апликација која ви помога да ги бележите и подобро анализирате вашите соништа, се со цел да разберете што потсвеста сака да ви каже и да имате подобра контрола над неа. Според бројни текстови, водење детален дневник за вашите соништа може да помогне за развивање на вашата креативност, ефикасно учење вештини, препознавање, процесирање и справување со вашите емоции.

Во тој поглед, Oniri е апликација која ви дозволува да ги бележите вашите соништа така што на брз и ефикасен начин можете инстатно да го забележите, писмено или аудио, сонот, за да потоа пробате да ги анализирате емоциите, луѓето и другите информации поврзани со вашите соништа.

За таканаречените луцидни сонови, односно соништа за кои сте свесни дека ги сонувате, имате наразлични алатки, како аудио водичи, аларми, потсетници и слично. А, за подобро заспивање, можете да пуштате најразлични релаксирачки звуци и музика.

Како апликација само за iOS, Oniri не е бесплатна и бара претплата од 8 долари месечно за отклучување на сите функции. Android верзијата се очекува летово.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments