0 коментари 2 мин. читање 13 јули, 2022

Luvly е апликација за јога, но јога за вашето лице

Практикување јога е исклучително важно, особено доколку сакате да водите поздрав живот. За многумина, таквото нешто е директно врзано и со физичкиот изглед, особено вашето лице. Luvly е апликација со која се изготвуваат ваши лични фитнес програми, курсеви за грижа на кожата, туторијали за правилни масажи на лицето, како и совети од експерти од полето.

Првенствено осмислена за припадничките на понежниот пол, Luvly дава различни текстуални и видео инструкции како да го вратите сјајот на вашата кожа, како да ја направите поздрава, да го успорите стареeњето, како и да ги активирате мускулите за подобро циркулирање на крвта. Згора на тоа, имате брони вежби за правилно дишење и намалување на стресот, планови за исхрана, изготвени според вашите потреби, и корисни алгоритми за следење на вашиот напредок. Сево ова со само десетминутна дневна посвета на вашето лице. Или, барем така, ветува Luvly, проверете ја апликацијата тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top