0 коментари 1 мин. читање

Обојте ги црно-белите фотографии со Colorize Images

Colorize Images e апликација која користи три алгоритми за да ги трансформира вашите стари, црно-бели фотографии во фотографии во боја.

Со помош на апликацијата, која е достапна и за Android и за iOS, можете рачно или автоматски да ја одредите прецизноста, односно интензитетот на боите, а преку лизгачи да одредите елиминација на темните пиксели од фотографиите.

Апликацијата врши одлична работа и ви ја препорачуваме доколку имате колекција од црно-бели фотографии за кои навистина би сакале да видите како би изгледале во боја. Имајте во предвид, меѓутоа, дека бесплатната верзија е, всушност, пробна верзија која само ви дозволува да „обоите“ десет фотографии.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top