Како самите роботи кучиња да не беа доволно страшни, SWORD Defense Systems – Special Purpose Unmanned Rifle (SPUR) е додаток кој ги прави уште пострашни. Поточно станува збор за додаток за Vision-60 роботот на Ghost Robotic кој од роботот креира платформа за огнено оружје. Со додатокот Vision-60 практично станува пушка управувана од далечина.

Добра вест е дека иако роботот може да се движи сам сепак оператор управува со оружјето. Додатокот овозможува роботот да елиминира цел на растојание од 1200 метри. Дополнително SPUR доаѓа со термална камера со 30х зум што им овозможува на војниците да ги пронајдат непријателите во сите услови. Платформата ќе овозможи војниците да дејствуваат од поголемо растојание надвор од опасност, со што ќе бидат побезбедни,
Изведбата на робот со четири нозе веќе ја тестираше армијата, но барем засега, нема потврда дека додатокот е дел од некои тестови.






