Amazon има поповолни позиции за своите производи

во Вести

Иако во конгресот тврдеше дека не ги прикажува своите производи пред конкуренцијата, Amazon сепак во резултатите повеќе ги прикажува сопствените брендови, покажува истражувањето на Markup.

Истражувањето направено оваа година во јануари покажува дека: првиот резултат бил реклама со јасно видлива етикета „спонзорирано“ 60 отсто од времето; од останатите резултати половина од времето Amazon на првата позиција продавал сопствен или производ кој ексклузивно се продава на Amazon. Оваа позиција била „резервирана“ за овие производи, иако имало производи кои имале подобри оценки и подобро се продавале.

Производи за кој е закупен рекламен простор се појавуваат на првата позиција на листите дури во 87 отсто од случаите. Сепак добар дел од времето нема јасна порака дека се платени реклами наместо ова корисниците може да ја забележат етикетата „одбрано од нашите брендови“. Една од причините поради кои доаѓа до вакво недоразбирање е што Amazon оваа позиција иако е измешана во резултатите од пребарувањето ја „брои“ како позиција „merchandising“. Без разлика како компанијата ја користи оваа позиција; положбата е во резултатите од пребарувањето и не е едноставно да се забележи дека станува збор за производ кој не е дел од пребарувањето.

Дополнително како резултат на истото истражување Markup откри дека Amazon продава 150 различни брендови и над 137 000 уникатни брендови и ексклузивни производи. Дел од нив како на пример Kindle се препознатливи, но ова секако не може да се каже за сите.

Вестите за најголемата продавница во светот се дури и полоши. Во независна сторија Reuters објави дека компанијата во Индија ги злоупотребува податоците кои ги собира од продажбите на клиентите на Amazon.in за да открие што најдобро се продава. Потоа ги копира овие производи и ги продава на својата продавница. Информациите за праксата на компанијата доаѓаат од интерни документи на Amazon од 2016 година.

Како дел од оваа практика компанијата ја отворила компанијата Solimo која требала да развие производи врз база на податоците соберени од Amazon.in и да ја искористи Amazon.in за да ги рекламира овие производи на купувачите. Производите на оваа компанија денес се продаваат на повеќе различни локализирани верзии на Amazon.

Двете стории за истражувањата веројатно ќе ја зголемат поддршката за законското решение кое ќе им забрани на интернет компаниите да имаат поповолен третман за сопствените производи. Сенатот на САД во четврток го најави ова законско решение кое треба да спречи практики кои се штетни за купувачите и за компаниите. Законот има поддршка и од Демократите и од Републиканците.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Amazon има поповолни п… appeared first on […]