Повеќето од нас поминуваме исклучително многу време пред нашите телефони и едноставно се губиме во одредени апликации.
Доколку навистина сакате да дознаете кои апликации се вашето виновно задоволство, но на забавен начин, WellPaper – Digital Wellbeing Live Wallpaper е апликација за Android со која можете да создадете позадини засновани на вашите најчесто користени апликации.

Создадените позадини со WellPaper се шаренолики и со три модерни дизајни , но за да можат да се создадат мора да ѝ дадете дозвола на апликацијата да добие пристап до податоците за најчесто користени апликации.
Апликацијата е бесплатна за користење и можете да ја преземете од тука!
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







