0 коментари 1 мин. читање

IKEA го нарави првиот Instagram веб сајт

Шведската компанија за мебел, IKEA, го крераше првиот Instagram веб сајт ikea_ps_2014. Профилот на Instagram е креиран со цел да ги запознае корисниците со колекцијата на компанијата и е составен од 12 слики кои заедно формираат веб сајт. Трикот е што сликите се обележани со тагови кои ве водат на веб сајтот на компанијата, односно на продуктот кој сте го одбрале. Ова е еден од најинтересните начини на користење на Instagram за реклама и промоција кој некоја од брендовите го искористиле до сега. Кампањата е дело на рускиот оддел за продажба на IKEA и маркетинг агенцијата Instinct.

IKEA PS: Instagram Website from Instinct on Vimeo.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top