0 коментари 2 мин. читање 30 јуни, 2014

Норвешка го прекина експериментот со е-гласање од безбедносни причини

Норвешка прекинува со тестирањата на е-гласањето. Тестирањата беа направени на локално и национално ниво, но сепак поради безбедносни закани се одлучија да ги прекинат тестовите. Според норвешката влада, тестовите прекинуваат поради стравувањата на граѓаните дека тајноста на нивното гласање може да биде нарушена .

„Постои политичка контраверност колу тестирањето и Парламентот повеќе пати разговарал околу ова прашање. Владата сака да обезбеди голема доверливост на изборите во Норвешка и веруваме дека станува збор за несреќна политичка контраверза која се поврзува со изборите“, вели Министерот за локална самоуправа и модернизација, Јан Торе Санер.

Тестовите се одржаа во 2011 и 2013 година паралелно со изборите. Покрај волјата за модернизирање на изборниот процес, тестовите покажаа дека процентот на излезност во Норвешка не се зголемил откако е понудено гласање преку Интернет. На изборите во 2013 година над 70.000 граѓани гласале користејќи го Интернет, што претставува 38 отсто од граѓаните на кои им било овозможено да гласаат онлајн.

Но, покрај неможноста да се покаже дека на тестовите гласала нова група на гласачи кои до тогаш не гласаа, тестовите прекинуваат и бидејќи органите на власта не можат да гарантираат „контролирана околина“ во моментот на гласањето, односно не можат да гарантираат тајност на гласањето и гласање без притисок. Мал дел од гласачите, 0,75 отсто успеале да гласаат двапати, еднаш преку Интернет, а вториот пат преку гласање на избирачкото место.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top