1 коментар 2 мин. читање 30 јуни, 2014

Објавен е Тhe Internet’s Own Boy, филм за Арон Шварц, еден од хероите на слободниот Интернет

The Internet’s Own Boy, филмот за хактивистот Арон Шварц викендов беше конечно објавен за во кино салите низ САД. Но, благодарение на Интернет архивата, верзија на филмот издадена под поотворените Creative Commons лиценци е достапна за сите во светот.

Документарниот филм го следи животот на Арон Шварц, од растење како дете генијалец до моментот на неговото самоубиство, и неговото наследство. Шварц е креатор на RSS и ко-основач на Reddit, но пред се ќе остане запомнет по неговиот активизам и по неговата борба за пристап до информации. За жал, неговата желба да ги ослоботи 4,8 милиони академски трудови од JSTOR, да бидат достапни на сите, му донесе милион долари казна и 35 години затворска казна. Притисокот беше преголем за 26-годишниот хактивист кој се самоуби. Најголемата победа на Шварц сепак е организирањето на јавноста против контраверзниот закон SOPA кој и се закануваше на слободата на Интернетот.

Режисерот на филмот Брајан Кнапенбергер вели дека филмот е многу повеќе од биографија на животот на г. Шварц. Филмот е коментар на системот, за Интернетот и предизвиците кои се пред јавноста за да го задржи Интернет слободен.

[youtube]vXr-2hwTk58[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
novica
12 years ago

Ќе има проекција утре: https://www.facebook.com/events/856847797678165/

Мени
Заедница
Изглед
To top