Често се случува на родителите да им бидат подадени најразлични „уметнички дела“ од децата, независно од тоа дали се работи за цртежи, слики, или писмени пораки.
Често се случува и родители да ги земат тие дела и да ги стават во некој куп од документи и никогаш повеќе да не помислат на нив, што, како поминува времето и како се менуваат работите, знае да биде исклучителна штета.
Artbox 2 е нова апликација која ви дозволува да ги сликате, организирате и да направите бекап на ваквите симпатични подароци онлајн. Апликацијата, меѓутоа, е за iOS и чини неполни двеста денари. За бесплатни и Android алтернативи читајте нè и во наредните денови!







