0 коментари 3 мин. читање 13 јуни, 2014

Assassin's Creed нема да добие женски линк бидејќи „треба многу работа“

Ubisoft ја имаше можеби најдобрата презентација на првиот ден на E3, но за жал целиот успех успеаа да го расипат со неколку несреќно избрани изјави. Најпрво техничкиот директор на компанијата, Џејмс Териен, во интервју за Video Gamer изјави дека нема да креираат женски ликови за Assassin’s Creed бидејќи било потребно многу работа да се креираат движењата на женскиот карактер, и ќе треба да целосо да се преработи анимацијата. За женски атентатор би биле потребни 8.000 анимации рекреирани со нова структура на скелет. Потоа креативниот директор на играта, Алекс Амансио, објасни дека не можат да го променат Арно (протагонистот во серијалот) бидејќи „не можете да го избришете главниот карактер“.

Креаторите на Assassin’s Creed не се осамени во претпазливоста при креирањето на женски карактери, очигледно Лара Крофт не е доволен доказ за популарноста на женските карактери во главната улога. BioWare се едни од ретките девелопери кој редовни додавање опција за женски карактер во улогата на протагонист. Доколку во Ubisoft се сомневаат за изборот на карактери за следната игра друштвените мрежи веќе им го доставија одговорот преку низа интересни твитови…

Се разбира дека веќе знаете дека кога Ubisoft зборува за новите анимации всушност мисли на ова:

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top