Intel ја загуби жалбата во судот во Луксембург и треба да исплати казна од 1,06 милијарди евра на Европската Унија, јави Reuters. Европската Унија ја казнува компанијата бидејќи сакаше да го попречи AMD да потпише договори за ексклузивност со поголем број на производители. Европската Унија пресуди дека Intel им давал попусти на Dell, Hewlett-Packard Co, NEC и Lenovo доколку купуваат најголем дал од чиповите од Intel. Дополнително компанијата ми платила на германскиот ланец Media Saturn за да продава компјутери единствено со нивните чипови.
„Кога големите компании ја злоупотребуваат својата позиција на пазарот тоа најмногу им штети на потрошувачите. Судот испрати јасна порака дека ваквиот однос е нелегален и неприфатлив“, изјави Моник Гојенс, директорка на BEUC, лоби групата која ја застапува Европската Комисија.
Oдлуката на Европската Комисија е уште од 2009 година која го казнила Intel со 4в15 отсто од заработката за таа година. Висината на казната е одредедена и врз основа на фактот дека Intel се обидел да ги скрие овие договори со производителите, а договорите придонесуваат и за долготрајно исфрлање на AMD од стратешки клучни канали.
Судот во Луксембург одлучи дека барањата на Intel за намалување на казната, бидејќи според нив станува збор за престрога казна, се неосновани, бидејќи станува збор за казна од 4,15 отсто наспроти максималната предвидена казна за вакво дело, која изнесува 10 отсто од заработката односно 2,55 милијарди евра.







