0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Најди место во Скопје и другите градови во Македонија

Најди место за Android е нова македонска апликација која сугерира кафулиња, ресторани и дискотеки на 350 локации низ Скопје и другите градови во Македонија. Апликацијата, направена од Никола Калемџиевски, го користи API-то на Foursquаre за да генерира мапи, рејтинг и други информации за локалите, вклучувајќи и оставени коментари од другите корисници. За поедноставно сугерирање на локали има опција „Блиску до мене“ која ги прикажува најдобрите места во близина. Најди место има релативно едноставен дизајн, и според Никола, засега има доволно функционалности. Тоа што недостасува е англиска верзија која ќе им биде корисна на странците полесно да се снајдат.

„Има простор за вметнување на уште опции, но чекор по чекор. Планот ми е и да имам и англиска верзија, така што ќе биде многу корисна и за странци. Инаку сега за сега, не планирам да заработувам од апликацијата, барем не од корисниците. Евентуално може да се промовира некое од местата дополнитлно доколку сака”, вели Никола.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top