0 коментари 1 мин. читање

Half-Life 2 и Portal пристигнаа на Android, но достапни се само за Nvidia Shield

Две култни игри на Valve сега се достапни на Android, но се достапни само на Nvidia Shield конзолата. Half-life 2 и Portal се портирани од Nvidia како дел од промоцијата на можностите на Shield, и чинат околу 10 долари; конзолата чини околу 200 долари. Според тоа што може да се види од видеото, двете игри функционираат одлично како на PC компјутер. Shield сепак e дизајниран да го симулира PC гејмингот, и затоа има подобар хардвер од просечниот паметен телефон. Но, ако сте љубител на старите култни игри, тогаш не очајувајте бидејќи како што се подобруваат процесорите на мобилните телефони, кои сега се помоќни од компјутерите пред десет години, така се повеќе ретро-игри стануваат достапни за играње.

[youtube]kM5R5oGHINI[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top