Oчекувањата се дека Apple, под притисок од конкурентите и желбите на корисниците, ќе претстави поголем iPhone 6. Се шпекулираат два модели поголеми од 4-инчните претходници, од кои поверојатна е 4,7 инчната верзија, посебно што знаеме дека Apple не сака да навлегува во нови пазари пред да има перфектен уред. Втората 5,5 инчна верзија која се тестира, сепак е „фаблет“, уред помеѓу телефон и таблет компјутер, и уред кој е преголем за просечен корисник, и драстично отстапува од тоа на што се навикнати iPhone корисниците.
Но, 4,7 инчната верзија е поверојатна бидејќи Apple може да ја направи перфектно. Се зависи од резолуцијата на тој екран, за кој 9to5Mac тврди дека ќе биде со 1704×960 пиксели, што е понапредна од 1136×640 резолуцијата на четири-инчните iPhone 5С и 5S. Ако Apple го зголеми екранот на петките наспроти претходните iPhone 4 со 3,5 инчен екран, така што додаде уште еден ред на интерфејсот, со поголемиот 4,7 инчен iPhone 6 се очекува Apple да го исполни екранот со растеглување на интерфејсот. Тоа значи поголеми икони, попрегледни апликации, но и повеќе пиксели на екран кој го задржува соодносот од 16:9. Според начинот на кој Apple ги дизајнира екраните, 9to5Mac претпоставува дека густината на пиксели на 4,7 инчниот екран ќе биде 416ppi, што ќе значи побистра и појасна слика. По дефиниција, таа резолуција би била Retina.
Следниот месец ќе се оддржи конференцијата WWDC 2014 на која Apple најверојатно ќе го претстави iOS 8, но иако традиционално ги претставува новите телефони на есен, можеби ќе има некое наговестување што ќе даде појасна слика за iPhone 6.








