7 коментари 1 мин. читање

Хрватско-македонскиот стартап u:Plug ќе го револуционизира домашниот штекер

Замислете да не заплеткувате во хаосот од различни кабли и полначи за сите ваши електронски уреди, и и наместо тоа да имате еден универзалем штекер преку кој може да поврзете и полните секаков вид на мобилен уред. Токму ова е идејата за u:Plug, нов хрватско-македонски стартап предводен од Иван Јелушиќ, Даниел Рупиќ и Митко Цабевски.

u:Plug e „дизајниран со корисниците на ум“, што значи дека е замислен да биде лесен за инсталирање и користење преку само „една дупка во ѕидот“, без дополнителни алатки. Тој го заменува стандарниот штекер и му додава 2 USB портови од 2.0А и 5.0V кои служат како универзален полнач за сите мобилни уреди. Тоа што го прави уникатен продукт е што штекерот има амбиентално светло што известува за фазите на полнењето. Стартапот само што го стартуваше својот сајт, и основачите не сакаа да откријат ништо што повеќе освен објавените детали.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top