Судејќи од новото видео за G Watch, LG e подготвен да го „дефинира“ паметниот часовник дизајниран со метални рамки, отпорен на вода, „подготвен за се и секаде“. Дизајнот на LG G Watch секако ќе биде многу важен за корисниците – не треба да се заборави дека часовниците сè уште се моден додаток – но кога се во прашање паметните часовници, ќе биде важно какви спецификации има истиот. За жал, промотивното видео нема многу детали за подеталните спецификации, иако Android Wear како платформа е голем плус бидејќи ќе има бројни апликации. Часовникот ќе се појави на пазарот во јули.
[youtube]ObhAvvJEi0k[/youtube]
