1 коментар 1 мин. читање

Call Me Now е македонска апликација која ќе ве спаси од незгодни ситуации

На средина сте од досаден состанок и се што сакате е што побргу да се спасите? Апликацијата изработена од Best Solutions, Call Me Now (Fake Call) е наменета баш за овие ситуации. Се што треба да направите е да го ставите телефонот на масата и да поминете со раката преку него и телефонот ќе започне да ѕвони. Креаторите ја препорачуваат апликацијата за неколку пригодни моменти: да направите лажен дојдовен повик и да избегнете непријатна ситуација, да го одбиете „повикот“ пред вашите пријатели за да им покажете колку сте важни или да прекинете здодевниот состанок, бесмислено интервју или разговор.

Доколку често се наоѓате во вакви или слични ситуации, па мора да лажете дека сте зафатени тогаш Call Me NOW можеби е вистиниска апликација за вас, иако останува нејасно што ќе се случи доколку телефонот навистина заѕвони додека го правите лажниот разговор?

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top