0 коментари 1 мин. читање

Слушнете ги брановите на кои сурфате: Ова е звукот на Интернетот…

Дали некогаш сте се обиделе да замислите кој е звукот на Интернет, се разбира станува збор за звукот во дата центрите преку кои се споделуваат сите ваши лајкови, фотографии, пребарувања, кодови и се друго што правите секој ден на глобалната мрежа. Шумот доаѓа од магнетните ленти на кои се прават бекапи, хард-дисковите кои постојано работат, и вентилаторите за ладење кој заедно го прават белиот шум кој може да го чуете благодарение на Мет Паркер, аудио-уметник од В. Британија кој го сними звукот на Интернетот во Универзитот Бирмингем.

„Мојата идеја е да ја потенцирам физичката природа на облакот и да ги потсетам луѓето дека додека нивните телфони се тивки во нивните џебови, некаде илјадници хард дискови постајоно вртат, одржувајќи ги нашите дигитални идентитети.“, изјави г.Паркер за Cites and Memory.

[youtube]PrHd5VTjpZ4[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top