0 коментари 1 мин. читање

Упс! US Airways се извини за порно твитот

Сакајќи да го искористи Twitter како корисничка поддршка, US Airways несакајќи во одговор на критики од корисник објави твит со експилицитна содржина. По еден час откако твитот беше ретвитуван стотина пати и се претвори во ПР кошмар, US Airways се извинија, велејќи дека сакале да ја пријават вулгарната слика, претходно објавена на Twitter, но несакајќи тие го ископираа URL-то во својот твит.

Oва е втор ПР инцидент на US Airways во само два дена, откако вчера пријавија 14-годишна тинејџерка до FBI бидејќи се закануваше дека е Ал-Каеда и ќе им бутне еден авион. Девојката од Ротердам беше уапсена за заканите по независна истрага на холандската полиција. Според The Wire, 14-годишната Сара со своите саркастични твитови привлекла до 20.000 следбеници на Twitter.

На кратко, овие два постови на US Airways ќе ве научат на две нешта – прво не се заканувајте дека сте терорист јавно, и второ, внимавајте што објавувате преку официјалните профили на брендовите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top