Спореди ги фудбалските коефициенти со MaxBet.mk

во ИТ.МК, Совети

Секој што се обложува на спортски натпревари знае дека неговиот систем успева, и затоа е важно да се знае која обложувалница ќе му исплати најмногу пари, нели? Шегата на страна, MaxBet.mk е нов македонски сервис кој им помага на фудбалските ентузијасти кои си ја прават саботата и неделата позабавна со игрите на среќа, да ги споредат коефициентите од разните обложувалници.

„Еден ден кога слушнав некој човек кој седеше до мене во обложувалница како му вели на неговиот пријател да уплати одреден натпревар како сингл во соседната обложувалница бидејќи таму коефициентот бил поголем. Веднаш почнав да размислувам колку би било корисно да постои сервис кој автоматски би го пресметал вкупниот коефициент на еден тикет“, вели Марко Арсовски, кој го стартуваше сервисот додека привршуваше на студиите на ФЕИТ. „Бидејќи бев при крајот со моите студии на ФЕИТ, воедно испадна да тоа биде практичниот дел од мојот дипломски труд. Неодамна, како што и ми беше планот, го направив сервисот достапен на интернет“.

Сервисот може да се најде корисен посебно ако се знае дека наскоро македонски граѓани ќе може да се обложуваат онлајн на македонски сајтови – властите ги забранија странските обложувалници – па може да биде корисна кој сингл се исплаќа најмногу. Секако проблемот со онлајн облажувањето е што е премногу лесно да се користи. Не мора да шетате до обложувалницата одалечена 10 или 20 минути од вас, туку се логирате на сервис и се обложувате на секој натпревар, во секоја минута, и во живо. Со ова се согласува и Марко кој вели дека со онлајн обложувањето се губи осет бидејќи кликањето нема толкава вредност како банкнотите.

„Јасно е дека е многу полесно и поедноставно, имам пријатели кои велат дека е многу заразно и се губи осетот за тоа колку пари се вложуваат, бидејќи не постојат банкноти пред тебе туку само едно копче кое треба да се притисне. Се добива истиот ефект како и кај плаќањето со кредитна картичка во продавница наместо со кеш. Едноставно поради леснотијата при употребата се губи осетот за тоа колку пари се трошат. Дефинитивно мислам дека ќе го олесни обложувањето и ќе створи поголема зависност“.

Засега Марко планира да додаде во MaxBet.mk пресметка на системски тикет, за да го скрати времето на корисниците, и опција за споделување на тикети за корисниците кои сакаат да бидат типстери, како и додавење на резултати во живо. Moжеби ќе има и уплата на тикет, но тоа ќе зависи од државната обложувалница.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Andreja
Andreja
10 years ago

Bravo za Marko. Iskreno me raduva inicijativata, napravenoto …