0 коментари 1 мин. читање 15 април, 2014

Телефонот на Amazon ќе биде со 4,7 инчен екран, откриваат првите слики

Први слики од прототип на телефонот на Amazon, сместен во заштитна маска, се појавија на интернет, поточно се објавени од блогот Boy Genious Report на кој се вели дека телефонот ќе има 4,7 инчен екран со 720p резолуција. Екранот покажува дека Amazon заостанува зад конкурентните Samsung и HTC кои веќе објавија поголеми телеофни, но и поради 1080p резолуцијата која сега е стандард. Но, тоа што е интересно во прототипот на сликите е што има дури 5 предни камери, една за сликање и видео чет, и за контакт со корисничката поддршка на Amazon. Не треба да се заборави дека Amazon е пред се компанија која нуди услуги, не производител на телефони, па – како што покажа примерот со e-читачот Kindle – за најголемата е-продавница е важно да ги поврзе корисниците со производите. Другите 4 камери во секој од ќошевите на телефонот се можеби за 3Д искуство, шпекулира BRG. Софтверот на кој ќе работи телефонот е FireOS, односно модифицирана Android верзија на Amazon.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top