0 коментари 2 мин. читање

Правам забава преку Skype

{mosimage}Тихомир Цветкоски е 24 годишен музичар од Прилеп кој свири и пее во живо на секаков вид на веселби… но тоа го прави на еден поинаков начин – преку Skype. Го пронајдовме неговиот оглас на сајтот Reklama5, a бидејќи идејата на овој интерактивен музичар ни звучеше креативна и интересна, направивме интервју…

Тихомир, кој свири на клавијатури од својата 7-8 годишна возраст, идејата за правење свирки преку Skype ја добил барајќи некој нов и поинаков начин да ја работи својата работа и да се истакне како музичар, а ја реализирал преку поврзување на својот инструмент со компјутерот и подесување на дополнителни микрофони. Неговиот, слободно може да го наречеме веб 2.0 проект, го работи веќе половина година и досега се покажа како профитабилен. Има свирено преку Skype на над 40 родендени, седенки, слави и друг вид забави…

"Најчести муштерии ми се македонските иселеници во САД, Канада и Австралија, додека кај нас сеуште овој метод на работа не е прифатен целосно од луѓето, но според моите очекувања тоа набрзо ќе се смени." – вели Тихомир.

{mosimage}

Тихомир не е аматер музичар, тој соработува и со македонските естрадни личности како Рубинчо Благадуша, кој е прогласен како најдобар дебитант на овогодинешниот фолк фестивалот Охридски Трубадури.

Ангажирањето на еден ваков музичар преку интернет воопшто не е ефтино. Тихомир наплаќа по 100 долари од час за македонците во странство, додека за ангажман во државава, неговата цена изнесува по 1.000 денари/час.

Примерот со Тихомир и изведба на музика во живо преку Skype е одличен пример за искористување на алатките и можностите кои ни ги нуди интернетот. Во светот, постојат многу вакви слични примери, луѓето преку Skype одржуваат и часови за пеење, учат странски јазици, вежбаат математика и физика и др..



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top